Печено пиле во пекач со Вирго Шардоне

За денешниот ручек Ви предлагаме печено пиле во пекач со бело вино. Прво пилето убаво го миеме, го чистиме од нечистотии до колку ги има.
Потоа во еден сад ги соединуваме маслото, солта, биберот, зачинот, карито. Промешуваме. Со оваа маринада го премачкуваме цело пиле.
Го ставаме во пекач, во кој налеваме 100 мл бело вино Вирго Шардоне на винарската визба „Гоце Делчев – Тиквеш“. Го покриваме со капакот и го ставаме во рерна на 160 степени да се печи околу 1 час.
Потоа на кратко го вадиме од рерна ги додаваме измиените млади компири, малку ги посолуваме и печиме уште околу 45мин до 1 час.
Пилето, ќе си фати убава боја, но доколку има потреба, појачајте ја рерната на 250 степени и печете така 5-10 минути.
За целосно уживање во ова сочно, прекрасно, пилешко печење, послужете бело вино Вирго Шардоне, добитник на златни медали за 2015 и 2016 во својата категорија на престижниот Новосадски сајем.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *