Запознајте ја земјата со најголемиот вински подрум?

Молдавија е уникатна по многу нешта, иако во светот е позната по врвните вина кои имаат традиција од пет милениуми. Во продолжение, прочитајте ги нештата по кои Молдавија е единствена, а кои најголем дел се поврзани токму со неговото височество, виното.

Знаете ли дека најголемиот светски вински подрум Милести Мици се наоѓа во Молдавија.

Во него се чуваат околу 2.000.000 шишиња со вино. Молдавија има историја на правење вино од 5.000 години, и е на 12 место во светот по извоз на вино.

Друго по што е ова земја уникатна, е селото Конгас кое е најголемо во цела Европа.

Најголемите еврејски гробишта во Европа се во Кишињев.

Според брзината на интернет, оваа земја е на 3 место во конкуренција на 152 земји.

Молдавија е една од три земји, чие знаме се разликува на лице и опачина, а другите две се Парагвај и Саудиска Арабија.

Земјата има древни цркви и манастири од 15 век.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *