Најубавата винска приказна за Македонија раскажана од странец

Домагој Јакоповиќ Рибафиш е професор по географија, блогер, колумнист, новинар. Доста патува и сака да запознае каде најдобро се јаде, каде се најдобрите пива и вина. Едноставно тој е хедонист – сака да ужива во животот. На покана на Македонската заедница на винари, тој оваа за време на бербата на грозјето ја посети Македонија. Во текот на 4 дена организиран престој имаше можност да посети осум винарии.
По враќањто во матичната земја тој ќе ја напише статијата „Предизвик во Македонија. Како да се пробаат 96 вина во 4 дена, и да се остане жив“, во кој воодушевено зборува за мекедонските вина, македонското јадење и прекрасните Македонци.
„Дека Македонија е земја каде што сонцето вечно сјае, не увери со својата сладост поголемиот дел од 96 вина кои успев да ги пробам за време на четиридневната посета на оваа прекрасна земја.

Се започна со е-пошта од Македонската заедница на винари која во сандачето ми дојде од Словенија. Сепак, бидејќи станува збор за врвна ПР агенција која работи во целиот регион, во еден миг подоцна, излегов на тераса, погледнав кон небото и кажав: – Ти благодарам, ти благодарам. За секој љубител на месо, сирење, зеленчук и вино, Македонија е едноставно дестинација од соништата.

Како одговорен за пивото малку повеќе сум запознат со таа сцена, но бидејќи за вината учам десетина години, се подготвив само за најдобрите. Куферот беше до половина полн, насмевката запечатена на лицето, батериите полни, а убава стјуардеса на Кроација ерлајнс со ништо неиспровоцирана ми даде две шишиња пиво – изгледа како тоа да сакате … Скопје не пречекаа топло и весело, и бевме подготвени за освојување!

Македонија е земја на тутун и вино, бидејќи тие се токму двете најважни гранки на земјоделството. Под винска лоза се 33.500 хектари, а по годишно производство од 100 милиони литри се на 25 место во светот. За разлика од Хрватска, која има речиси 1.400 производители на вино, Македонија има само 84, но, како што во 2003 година беа 28, се гледа голем напредок. А и го произведуваат двојно повеќе … Најмногу вино во шишиња се извезува – всушност во Хрватска, а сето тоа го научивме во винаријата Тиквеш во која по игра на случајот дојдовме на самиот почеток на патувањето.
Сместена во Кавадарци, таа е пример за стара неуништива градба, а десетина трактори со кои беа блокирани патишта, ни даде на знаење дека се работи за целосна винска област. Салата за дегустација изгледа како во некој замок, и бидејќи не чекаа 17 етикети за дегустација, денот ни почна прекрасно. Воодушевувањето го предизвика комбинацијата Bela voda white (grenache blanc i chardonnay) и Bela voda red (плавец, вранец) со свиленкасто мек и полн вкус. Како кога гледаш кошаркарски натпревар, а тимот ти води со 20 разлика … Да, и во Тиквеш се прави величенствената ракија Жолта, онаа што се чувствува дури во желудецот, како најдобрата вотка. Да, ја пробавме повеќе пати…

447w1720

Винарија Стоби е најмодерно достигнување на винарската архитектура, произведува 5 милиони литри годишно и се наоѓа веднаш до прекресен археолошки локалитет. Беше прекрасно да се испие чаша на ладна Темјаника по обиколката на плус 40, но навистина вреди да се посетат остатоците на вистински римски резиденции. Енолог Ѓоко Јованов не упатува на историјата на сортата и брендот Ркацители кој го саделе во време на добрите односи меѓу Југославија и Советскиот Сојуз, Сјаен Кабернет, Сирах и Вранец за на крајот, со најдоброто козје сирење некогаш во мојот живот!

Младата винарија (2004) Попова Кула во Демир Капија во јужниот дел на Тиквешкиот регион, беше нашиот домаќин за конак (не коњак), а овај ОПГ, хотел (33 соби), одморалиште и винарија во едно, ќе остане запаметен како совршена идеја на хрватските визионери како да ја подобрат туристичката сезона. Дојди вкуси го виното, пробај ги локалните специјалитети (пиперки полнети со сирење, на пр.) и остани да преспиеш – винарски викенд! И тука пиеме Жилавка, Совињон, Шардоне (од 23 етикети!), се восхитуваме на податокот за 300 сончеви денови во годината, уништуваме салати, тавче-гравче, а директорот Лазар Петров гордо ни истакнува дека единствени во светот произведуваат Станушина – тотално автохтон вински хит на вечерта!

popova-kula2

Во близина на Неготино, познат по опусот на бендот Лет 3, ние видовме, исто како и насекаде на патот, убави лозја на брдото Лепово – иако стигнавме во бербата, а потоа мезевме во винаријата Бовин. Првата приватна винарија во Македонија (1988 година) е шампион во повеќе категории на црвени вина, а можат да се пиат во познатиот Монте Mулини. За презентација домаќините ни нудат златна ракија Лозова, чист нектар, но, и убава вишновача. Сите, освен мене, бираат ракија, а луѓето од винарската визба се чудат – погледнете, ракија е за машко друштво, и вишната сепак е за дами. Смеењето не изостануваше, како и виното, и јас топло го препорачувам Александар 2013 (Вранец, Каберне Совињон, Мерлот), како и убиствениот Император. На крај на краиштата, ако имате вишок од 150 евра, набавите комбинација My way за да заокружите некаква годишнина од нешто. Божествено!

Винарија Попов нас не импресионираше со најдобра атмосфера, во која се чувствував како Тито со Нехру и Насер, без Јованка, а и, конечно, јадевме прави вистински македонски ќебапи – до тогаш ние “моравме да” уживаме во пастрмки, стекови … Слободно можете да ме мразите, но, како што реков и во воведот, јас веројатно со нешто заслужив. Значи прекрасно. 200.000 литри нектар од овде годишно оди во Македонија, САД и Јапонија, а ние уживавме во Темјаника (жолт Мускат), Совињон, Каберне совињон 2011 година …

Спиевме во Струмица со куса посета на овој град, кој многу жители на Загреб го паметат по служење војска во ЈНА. Се посрамотив сликајќи се со ѕвездата на асфалтот Дарко Панчев, поради тоа што таа беше ѕвезда на Горан Пандев, но човек по 25 години заборава да чита на кирилица. Одморени, пиевме во прекрасната, модерна и зачудувачки високата винарија Далвина, уживајќи во широк избор на вино и торта за крај – фантастично порто кој само што не го виде светлото на денот!

Претпоследната винарија на патот беше покрај Штип, а нејзиното име е Езимит. Тука би било добро да се презими, си помислив, и доживеав конечно просветлување, кога на масата по фантастичната Темјаника ни изнесоа и пастрмајлија, традиционална штипска погача со печено говедско месо. Бродче на среќата натопен со врвен вранец. Долгиот разговор со ексцентричниот сопственик, цигари, ракија, Порше, винарството…

Се будиме во ловечкиот хотел Камник над Скопје, го снимаме прекрасниот град на оваа земја на среќни луѓе, се поздравуваме со стариот познаник, енологот Јосип Андрианиќ, кој по босанско-херцеговските, хрватските, австралиските и американските вина го најде свое место во винарската визба Шато Камник, сместено на падините над метрополата. Значи, навистина замок, кули, импресионисти на ѕидовите, алуминиумски етикети за шишиња 8 € …. Чист луксуз и достојно простување. Terroir Vranec Grand Reserve за крај. Нема понатаму … Ова е Македонија во чаша!

Kamnik-03-06

Во суштина, четири дена и 300.000 тони грозје подоцна, заврши и оваа берба, а јас 5 килограми потежок и уиште толку пати психички полн и ласкам на тетката на аеродромот дека имам по некое кило вишок и во коферот – Госпоѓо, добро е што не ме меревте и мене, никогаш немаше да се вратам дома. Шармот минува, и поздравувам на Македонија, земја каде што прекрасно се јаде и фантастично се пие, а тешко дека ќе најдете место било каде во светот подобри и насмеани луѓе. Дојдовме за да се вратиме, ќе се повтори!

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *