Објавена програмата за „Алшар 2017“

Подготовките за второто издание на најмасовниот Outdoor настан во Македонија, Алшар 2017 се веќе во завршна фаза. Деновиве и официјално беше промовирана веб страната на Тиквешки точакџии www.tikveskitocakdzii.mk на која може да се најде официјалната програма, а многу наскоро ќе биде објавена и информацијата за продажбата на пакетите за сите учесници кои од 9ти до 11 јуни ќе го „допрат сонцето“.

Според официјалната програма, годинашното издание на Алшар 2017 ќе започне во петок, 9 јуни, ден кој е предвиден за пристигнување на учесниците, концерт на КУД „Тиквеш“ од Кавадарци и настап на Трио Гранде. Во сабота, 10 јуни, ќе се возат крос мотори, ATV и теренски возила низ патеките на Алшар, организирана е факултативна посета на Темната пештера, за потоа да следат слободни активности за сите учесници и демонстрација за одржување на велосипед на Илија Стамаџиев – Рипата. Во вечерниот дел од настанот свои настапи ќе имаат DJ Славе Келешовски, локални диџеи и Smoke Shakers, а ќе бидат премиерно прикажани и воведните епизоди од серијалот Време за кавадаречки хумор, време за лакардиите на Паја во продукција на РТК.мк

Официјалното отворање на Алшар 2017 е закажано за во недела, 11 јуни во 10 часот, за веднаш потоа да започнат големата велосипедска, средната и малата велосипедска тура, големата и малата планинарска тура со планинарското друштво Орле, како и стартот на планинско маратонското трчање со Меридијан атлетик клуб. Пристигнувањето на првите учесници е предвидено за во 14 часот, по што ќе следи заеднички ручек и забава и извлекување на награди.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *