Игор Иџе Стефановски ќе го отвори Алшар 2017

Македонија по втор пат одбројува до стартот на највозбудливата Outdoor авантура, Алшар 2017. Веќе се е подготвено, патеките и за велосипедските и за планинарските тури се означени, подготвени и во одлична кондиција, програмата веќе од поодамна утврдена, а од пред неколку денови во продажба се пуштени и пакетите за учесниците кои можат да се резервираат на tikveskitocakdzii@Gmail.Com или на телефонскиот број 070/911-912.

Од оние ексклузивни информации кои сеуште не се во целост потврдени е и веста дека годинава честта и официјално да го прогласи второто издание на Алшар 2017 за отворено ќе ја има најуспешниот македонски автомобилист, Игор Иџе Стефановски.

За потсетување, официјалната програма на годинашното издание на Алшар 2017 ќе започне во петок, 9 јуни, ден кој е предвиден за пристигнување на учесниците, концерт на КУД „Тиквеш“ од Кавадарци и настап на групат Чардак. Во сабота, 10 јуни, ќе се возат крос мотори, ATV и теренски возила низ патеките на Алшар, организирана е факултативна посета на Темната пештера, за потоа да следат слободни активности за сите учесници и демонстрација за одржување на велосипед на Илија Стамаџиев и мајсторот за велоспидени, Рипата. Во вечерниот дел од настанот свои настапи ќе имаат DJ Славе Келешовски, локални диџеи и Smoke Shakers, а ќе бидат премиерно прикажани и воведните епизоди од серијалот Време за кавадаречки хумор, време за лакардиите на Паја во продукција на РТК.мк

Официјалното отворање на Алшар 2017 е закажано за во недела, 11 јуни во 10 часот, за веднаш потоа да започнат големата велосипедска, средната и малата велосипедска тура, големата и малата планинарска тура со планинарското друштво Орле, како и стартот на планинско маратонското трчање со Меридијан атлетик клуб. Пристигнувањето на првите учесници е предвидено за во 14 часот, по што ќе следи заеднички ручек и забава и извлекување на награди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *