И Јао Минг има свои вино

На листата на славни личности кои произведуваат свои вина или имаат свои винарии е навистина предолга, а помеѓу актерите и музичарите, не ретко може да се сретнат и имињата на спортистите кои по завршувањето на кариерата зарботените пари ги инвестираат токму во винарството.
Кинескиот центар Јао Минг, кој предвреме ја заврши НБА кариерата поради повреда е само уште еден во низата кој најде ново задоволство во производството на сортно вино. Во овој бизнис има неколку спортски легенди како Џо Монтана, Ден Марино, Марио Андрети и Грег Норман, но Јао Минг одлучи и тој да се придружи. Фирмата се наоѓа во Калифорнија, но ќе се фокусира на извозот за кинескиот пазар.

„Калифорнија претставува одмор, опуштен живот, сонце, се што е поврзано со добар квалитет на живот. Што се однесува до виното, многу научив од Дикембе Мутомбо“, изјави Јао Минг.

Првиот продукт што го направи неговата винарија е Каберне совињон, а цената на едно шише изнесува 289 американски долари.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *