„Вински приказни“ со вината на Далвина во Форца

И овој четврток, 8 јуни, ресторан Форца продолжува со серијалот „Вински приказни“ за најквалитетни вина од македонското виногорије.

По промотивна цена гостите ќе можат да дегустираат вина од винаријата Далвина и тоа од најновата линија наречена „Елегија“, берба 2016.

Од белите вински етикети од винаријата пред гостите ќе се претстават со Р’кацители, Совињон Блан, Траминер и Шардоне.

Каберне Совињон Барик од линијата Диониз ќе биде претставникот од црвените вина кој ќе треба да ги задоволи и најпрефинетите вински вкусови на гостите.

Полуслаткото рубин црвено Гоѕин Мускаттролингер ќе се погрижи за дополнитлено пролетно и летно уживање.

Винската дегустација ќе ја води професорот д-р Горан Миланов, енолог и вински консултант во винарија Далвина.

Винаријата Далвина се наоѓа во Струмичко-Радовишкиот вински регион кој се карактеризира со одлични услови за одгледување високо квалитетно грозје како предуслов за врвните вина.

Основана е во 2007-та година со почетен капацитет од 2,5 милиони литри, за да го достигне денешниот капацитет од 4,2 милиони литри, кој се очекува да се зголеми во годините кои доаѓаат. Далвина е несомнено една од најмодерните нови винарии во Македонија во која во текот на целиот процес на производството на виното се користи најсовремена технологија која во комбинација со традиционалните знаења дава врвни резултати кои се огледуваат во богатата палета на ароми и вкусови.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *