Алшар авантурата започна. Придружете ни се!!!

Со вечерта посветена на традиционалното и македонското, во кое главниот збор на сцената на отворениот фестивал Алшар 2017 го имаа културно уметничкото друштво „Тиквеш“ од Кавадарци и групата Чардак и официјално започнаа фестивалските активности на најголемиот македонски outdoor настан, Алшар 2017.
Обидувајќи се уште рано изутрина да го допреме сонцето, кон Мрежичко патувавме заедно со неговите први зраци, кои очигледно ги разбудиле и камперите кои не пречекаа во фестивалската зона, заедно со целиот организаторски тим кој на нова координација ги утврдуваше и распоредуваше активностите и одговорностите.

IMG_8873
Денот ќе биде дефинитивно долг, не чека патување со крос мотори и атв по патеките по кои утре ќе возат велосипедистите, а за оние кои сакаат поинаква авантура, ќе можат одблиску да ја запознаат Темната пештера. Во едукативниот дел, предвиден за во 15 часот, Илија Стамаџиев и мајсторот за велосипеди, Рипата ќе ни демонстрираат како се оддржува велосипед.

 

SONY DSC

Забавата ќе продолжи со диџеи кои што своето шоу го започнаа од изутрината, а во музичкиот дел ќе се приклучат и момците од Smoke Shaker. Во пресекот помеѓу музичките настапи, ќе бидат премиерно прикажани и првите епизоди од серијалот Време за кавадаречки хумор, време за лакардиите на Паја во продукција на РТК.мк.

 

Во меѓувреме додека го привршуваме овој прв денешен рапорт, кон Мрежичко се спуштаат безброј велосипеди и автомобили. Алшар авантурата е започната. Придружете ни се.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *