Алшар низ перото на Петар Пан

Највозбудливиот дел од овогодинешниот евент е токму првиот контакт со Алшар 2017. На километар пред Вип зоната, кога погледот веќе е фокусиран до централната сцена, времето е веќе застанато. Се отвараат портите за влез кон домот на сонцето.

19029442_10156353802197516_2753684253396850796_n
Ритам кој ја милува планината Кожув, но онака урбано, чудно, несекојдневно. И гласовите на модераторите кој ви раскажуваат се што вие сакате да слушнете… Енергија, некако чудна, недефинирана, луѓе, некако сосем поразлични од оние кои секојдневно ги среќаваме на булеварот. Летаат пеперутки, а мислиш некако како да се во тебе. Се е некако поразлично од вчера. Се прашувам што е тоа што не тера некако токму тука и токму сега да бидеме други луѓе.

SONY DSC

Веројатно, фативме ритам. Конечно, компатибилни, ние, природата, среќни лица, луѓе кои му се радуваат на животот.

SONY DSC

А јас се чуствувам како и секогаш кога срцето ми е радосно. Среќен, баш среќен. И да, се радувам што уште еднаш, како и многупати во животот, што добивам доверба и шанса, токму јас, во улога на Петар Пан, да Ви ја раскажам приказната за настанокот на светот, за Алшар и домот на сонцето.

SONY DSC

Душко Стефанов
10.06.2017

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *