Пет причини зошто розето на ВВМ Гоце Делчев – Тиквеш ќе Ви стане омилено ова лето

Иако за квалитетот и префинетоста на Розе виното од брендот Вирго на винаријата Гоце Делчев Тиквеш веќе пишувавме, овој пат ќе Ви ги наведиме петте причини зошто и ова лето ова вино е перфектен избор за на плажа или во природа.
1. Можете да го пиете веднаш

Розе виното нема потреба да стои по неколку години пред да се пие, бидејќи ова вино е направено за да се пие веднаш. Па, земете шише вино од најблискиот маркет или од винотеката на ВВМ Гоце Делчев, лоцирана на улица „Шишка“ бр.2, поканете ги вашите најблиски, изладете го и уживајте!

2. Совршено вино за бранч

Според искусните сомелиери, розето е најверојатно виното што најмногу одговара да се пие со јајца. Структурата не белото вино во розето не преовладува, а црвеното ја засилува аромата. Ова вино не е тешко за пиење, а преку ден може само повеќе да ве освежи.

3. Секој може да си го дозволи

Пристапната цена е уште една од причините зошто да го одберете ова вино, кое веќе има илјадници почитувачи кои секојдневно го консумираат.
4. Одговара со сè

Со структурата на белото вино и аромата од црвеното, розе виното е прилагодливо и може да одговара на секакво јадење, од пица – до скара и морско.
5. Нема многу калории

Розето има малку калории, што го прави совршен алкохолен пијалак дури и за оние што внимаваат на линијата, а неговиот свеж вкус ќе ви биде омилен во летните денови.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *