Дешифрирана најстарата нарачка на вино

Со помош на напредна технологија, научниците од Универзитетот во Тел Авив, успеале да откријат што точно било напишано на парчето керамика кое се наоѓало повеќе од 50 години во музејот во Израел. Во 600та година п.н.е. на областа на денешен Израел, војникот по име Хананијаху, пратил порака до својот пријател која гласи: “Испрати ми малку повеќе вино.”
Керамичкото парче е пронајдено во 1965та година во пустинската тврдина Арад, и било во многу лоша состојба. Натписите на предната страна кои содржат благослови и податоци за трансферот на пари, научниците успеале детално да ги проучат. Меѓутоа, дури сега со помош на напредна технологија, откриен е натпис на задната страна. Текстот содржи 50 букви и 17 зборови, а напишан е во три редови.
Тел Арад бил воена тврдина во времето кога Навуходоносор го поразил Јуда. Во неа живееле 20-30 војници. Многу од пораките биле упатени на командантот Елиашив. Во нив, главно, се работело за набавка на прехранбени производи, како што се брашно, масло и вино. Луѓето во тоа време практикувале да пишуваат рецепти на керамика, различни листи, па дури наместо на хартија, на керамика пишувале писма и пораки.
Во пораката која ја пронашле научниците, откриле дека војникот Хананија барал вино и сместување за некој странец, а за возврат ја нуди својата помош доколку на Елиашив му биде потребна. Покрај тоа, на предната страна е откриен дополнителен текст во кој станува збор за размена на сребро и нафта.
Д-р Мендел-Геберович смета дека овој натпис на керамика е многу важен бидејќи од него се дознале доста важни детали поврзани со тоа време. Исто така, се покажала големата важност од мултиспектралната технологија која би можела да биде доста корисна во откривање на натписи кои се веќе стари, избледени и невидливи со голо око.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *