Дали морското дно ќе биде претворено во винарска визба?

Пред две години, асоцијацијата на француските винопроизводители „фрли“ 120 шишиња црвено, бело и розе вино на тајна локација во Средоземното море. Се работеше за експеримент со кој сакаа да проверат дали морското дно го старее виното подобро отколку традиционалните винарски визби.

Од Les vins de Bandol (асоцијацијата) рекоа дека за експериментот биле инспирирани од откритието на амфора која потонала на дното на морето некаде пред стотици, дури и илјадници години. Но тоа што вистински ги мотивирало е откритието на недопрени вински шишиња стари неколку декади, изгубени во морето за време на Втората светска војна. По анализата на експертите, се покажа дека содржината во овие шишиња има посебен вкус. Посебно добар вкус.

Во теорија морското дно – поточно 40 метри длабочина, звучи како одлично место за чување и стареење на виното, но сепак, на винопроизводителите им беше потребен доказ дека ваквиот метод вродува со подобар вкус. И така 120 шишиња завршија во Медиранот, со план да бидат пробани една година подоцна. Во исто време, други 120 шишиња беа ставени во традиционална визба, за да служат како контролна група.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *