Радош Вукиќевиќ е нов генерален директор на ВВ „Тиквеш“

„На седници на Надзорниот и Управниот одбор, винарската визба „Тиквеш“ донесе одлуки за назначување на Радош Вукиќевиќ за член на Управниот одбор и Генерален Директор на Друштвото. Г-динот Вукиќевиќ се приклучува на тимот на „Тиквеш“ со богато професионално искуство и докажани кариерни успеси, со што значително ќе допринесе кон остварување на зацртаната стратегија на компанијата и нејзиниот понатамошен развој“, велат од компанијата.
Вукиќевиќ е познат на јавноста како економски промотор на земјава во Софија и Белград. Претходно Вукиќевиќ ја вршеше должноста маркетинг менаџер на ВВ Тиквеш.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *