Од дневникот на една американка: Македонија е земја со едни од најдобрите вина

Понекогаш најдобра земја која ќе ја посетиш е онаа која најмногу ќе ве изненади. Македонија дефинитивно спаѓа во таа категорија.

Се вљубив во Македонија од ќеиф – ми требаше да одам некаде на две недели помеѓу Истанбул и Дубаи, додек мојот партнер отиде во Јужна Африка. Скопје излезе како евтин лет од Истанбул, па така веднаш закажав лет.

Македонија – исто така позната и како ФИРОМ – се наоѓа помеѓу Албанија, Косово, Србија, Бугарија и грција (многумина грци одбиваат да ја нарекуваат Македонија и го користат горниот термин, затоа што и тие имаат регион со исто име).

Освен ова, не постојат многу информации за Македонија како дестинација за патување, посебно доколку ја споредите со останатите балкански земји. Но затоа јас ќе кажам, станува збор за апсолутно фасцинантна држава која заслужува да биде посетена многу повеќе.
Зошто ја засакав Македонија?

Да започнеме со вистинска ’бомба‘: Македонија е најевтината земја во Европа која што сум ја посетила. Многумина водичи велат дека Бугарија е најевтина, но ја увидов дека Македонија е поевтина и од Бугарија.

Типични цени? Најевтиниот хостел започнува од околу 7 $, подобрите се околу 10 $, можете да земете приватна соба за 15 до 20 $. Комплет вечера со убави вино 10 $, а повеќето јадења чинат од 3 до 5 $.

Исто така е неверојатно убава. Охрид е националната гордост, но Македонија исто така има и многу планини, а глетките од селата се спектакуларни.

Вкусни и евтини вина. Јас ни од далеку не сум вински експерт, но македонските црвени вина беа некои од најдобрите кои сум ги пиела после подолго време. Најчесто плаќав од 2 до 3 $ за мало шише во кое има чаша и половина.

Вкусна и здрава храна. Храната не е нешто екстра ексклузивно, но мене ми беше многу вкусна, со многу зеленчук (што е невообичаено за Источна Европа). Јадев многу полнети пиперки, еден куп различни салати и повремено вегетаријанска пица. И бидејќи храната е толку евтина, слободно можете да седнете во ресторан без воопшто и да ги гледате цените.

Исто така овде открив и пуканки од чоколада и јагоди, кои воопшто не се лоши.

Пријатни луѓе, со кои можеш да се разбереш. Не добив впечаток дека Македонците се премногу топли луѓе, но затоа знаат да ги завршат работите – како на пример вработениот во хостелот кој веднаш ми најде такси кога мојот шофер не се појави воопшто. И повеќето луѓе зборуваат сосема добар англиски јазик.

Земјата е добро поврзана со целиот регион. Во Скопје допатував од Истанбул со билет на попуст од компанијата Pegasus Airlines. И додека во земјата постојат неколку линии со воз, исто така е доста евтино да се патува со автобус до Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Бугарија, грција или дури и до Турција.

Апсурди и бесмислености. Од трафиките за менување на пари кои изгледаат како циркуски кабини за предвидување на иднината, до фактот дека скоро секаде свиреше музика од 90-тите, Македонија ми остави впечаток на интересна земја, исто како што е и убава.

Посетете ја додека е се уште непозната…

Македонија не е воопшто позната како што би требала да биде, но се наоѓа на позиција да многу бргу да прерасне во нова жешка точка на Балканот. Пред се за туристите надвор од Источна Европа.

Сепак, не треба премногу да очекувате. Македонија воопшто не е развиена толку добро како Хрватска, Словенија или брегот на Црна Гора. Во многу нешта, Македонија ме потсетува на Босна – има многу ѓубре по улиците, зградите се робусни, таксистите паркирани на железничките станици може да ве ограбат, интернетот – иако на многу места добар – сепак може да се подобри.

Заклучокот би бил – ако не сте премногу пребирливи, ќе уживате во земјава на големо!

Охрид

Мојата прва станица беше најпознатото место во Македонија, Охрид, мал град лоциран на брегот на охридското езеро. Самото езеро е поделено помеѓу Македонија и Албанија, но македонската страна е многу поразвиена. Градот е исто така ставен под заштита на УНЕСКО.

А бидејќи е примарно место за одмор во државата, овде постои по нешто за сите. Ќе пронајдете клубови кои ’рокаат‘ по цела ноќ, еден тон семејни активности и места за престој од кампување до хотели со 5 ѕвезди.

Но без разлика што сакате да правите додека патувате, сé се сведува на убавината на езерото.

Охридското езеро е како никое друго што до сега го има видено – остава впечаток дека се спојува со небото и се почувствував како да лебдам на бескраен воден облак. Назад на брегот, езерото добива тиркизна боја.

Самиот град Охрид има некој позитивен шарм, исполнет со поплочени улици, незаборавни глетки и сите останати клишеа кои очекувате да ги видите во прекрасните и неодоливи мали гратчиња на европскиот континент.

Мислам дека Охрид ќе стане многу популарно место за поминување на летото за ’дигиталните номади‘. Овде можете да изнајмите стан за неколку стотици долари за цел месец и да уживате во прекрасното езеро, забавите, знаменитостите на градот и сето тоа без да морате да ограбите банка.

Кој знае – можеби и јас ќе завршам овде некое лето.

Битола

Моја следна станица беше Битола, без претходно да знам било што за местово, освен фактот дека е еден од поубавите и добри за живеење градови во Македонија. И не ми требаше многу време за да се вљубам во него.

За мене, најатрактивно место беше Широк Сокак – долга улица со бескрајно многу кафулиња и банери на кои се прославуваше последниот фестивал, што испадна да биде Фестивалот на Шекспир. Широк Сокак е најдоброто место за да видите и да бидете видени во Битола, без разлика за кој дел од денот да станува збор. Токму затоа сите столици се свртени кон самата улица.

Ноќе, кафулињата се претвораат во барови и ќе видите како девојките облечени во маички и фармерки се пресоблекуваат во кратко здолништа, високи потпетици и со налудничави маникир креации.

Исто така видов повеќе венчавки во еден викенд отколку што имав видено изминатите пет години. Една церемонија по друга, парадираат по улиците, сите коли накитени со бели панделки и свират ко луди! Секој пар дојде да позира и се фотографира на Широк Сокак.

Друга кул работа во Битола е отворениот пазар. Никогаш немав видено вакво нешто! Наместо да биде затворен во голема зграда како Големиот Пазар во Истанбул, овде сé е на отворено, збиено едно до друго и полно со пазарџии спремни за тргување.

Битола ми изгледаше прекрасно мало место на кое можете да поминете неколку дена и многу лесно можев да останам и подолго. Ова ме поттикна да помислам, колку вакви гратчиња се расеани низ Европа и светот – сигурно илјадници.

И потоа…на ред дојде Скопје.

Скопје

Боже мој, Скопје! Скопје ме направи да се шетам наоколу со отворена уста, очите ми беа како летачка чинија. Не можам да се присетам кога некоја дестинација ме шокирала волку многу, како ова место.

Овде пристигнав очекувајќи да видам непрепознатлива Источноевропска престолнина. Наместо тоа, налетав на град преполн со разиграни фонтани од кои некои симулираат огнени пламени!

Во Скопје се случуваат огромни градежни зафати последните неколку години и наместо да се гради традиционална архитектура, тие одат на изглед кој наликува на Лас Вегас. Стилот е комбинација на класично и Ренесансно влијание, многу статуи на познати Македонци ги красат мостовите. Ништо не е изградено на мало ниво – сé е огромно!

Покрај се, она што не му е потребно на градот е статуа на човек на коњ, десет пати поголема од вистинските димензии, опкружена со водени атракции, повисоки од луѓето?
Би сакала да постои начин со кој точно би можело да се измери колку многу Скопје ме ’извади од кожа‘. Буквално се шетав со ширум отворени очи, повремено мавтајќи со главата и мрморејќи „…what the fuck се случува со местово?“ како некоја луда личност.

До крајот на денот Скопје го нарекував Вегас и тоа многу му се допадна на мојот такси возач.

Над сите дестинации

Во Македонија има мноогу повеќе од она што јас успеав да го видам за една недела. Посебно сакав да отидам и ги видам националните паркови (а ги прескокнав бидејќи не сакам да се ставам себе си во изолација кога патувам соло). Националниот парк Маврово е познат како одлична и евтина дестинација за скијање, Националниот парк Пелистер е во непосредна близина на Битола и исто така изгледа многу убаво.

Постои и винскиот регион Тиквеш, каде што на лице место ќе можете да ги дегустирате прекрасните македонски вина.

Прилеп изгледа како интересен и забавен град и таму се одржува годишен пивски фестивал, кој што го испуштив за малку.

А доколку Охрид не е доволно акција за вас, езерото Преспа е веднаш до него и исто така изгледа извонредно убаво.

Не чекајте многу и посетете ја Македонија во најбрзо време!

Дали Македонија ќе се престори во „The – дестинација“ во иднина? Со помош на умна маркетинг стратегија, без никаков сомнеж тоа ќе биде иднината на оваа држава! Македонија е дестинација која самата себе се продава на посетителите, единствен проблем е да ги натерате луѓето да дојдат овде за прв пат.

И токму од таа причина, јас ви ветува дека комплетно ќе уживате во посетата на Македонија. Дојдете овде и изнајмете кајче за прошетка низ охридското езеро, или пак шетајте низ битолскиот пазар или пак направете 10 000 фотографии на лудото Скопје. Дојдете и уживајте овде додека цените се се уште волку добри. Ова е навистина посебно место!

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *