Летно винско освежување со „Суво Горско – Бело“ на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“

Кој вели дека виното не е за лето? Постојат ли сеуште луѓе кои што тврдат дека виното не освежува?
Иако розе виното е апсолутен хит за ова лето, никогаш не заборавајте ја и магијата на освежителните бели вина. А кога веќе треба да се одбере врвно бело освежително вино, тогаш изборот едноставно паѓа на уникатното „Суво Горско – Бело“ вино на винарската визба Милеви „Гоце Делчев – Тиквеш“.
Добиено од сортите жилавка и смедеревка, ова вино е вистински освежителен пијалок во периодот од годината кога температурата е во сериозен плус. Покрај свежиот вкус, ова вино ќе го препознаете по бледо зеленикавата боја која ја отсликува нежната преработка и пријатните сортни ароми.
Дополнително, ова вино е совршено за лето и поради тоа што е перфектен избор во комбинација со салати, ладни предјадења, риба, лесни меса и апетисани.
Освен во рестораните и сите подобро снабдени маркети, ова вино кое се одликува и со доста пристапна цена во однос на квалитетот, можете да го најдете и во винотеката на „Гоце Делчев – Тиквеш“, лоцирана на улица „Шишка“ бр.2.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *