Ова лето разладете се со коктел од бело вино и малини

Овој брз коктел со вкус на освежувачки малини е идеален за попладневно уживање во врелите летни денови.

СОСТОЈКИ:

1 кг малини
400 гр шеќер
500 мл слатко бело вино
слатка павлака
бисквити
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Малините измијте ги под слаб млаз вода. Исцедете ги, па пошеќерете ги, залијте ги со вино и оставете добро да се изладат.
Со коктелот послужете разматена слакта павлака со омилените кекси.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *