По „бургундецот“, ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ ја започнува бербата и на „Мускат отонел“ и „Шардоне“

Во винарската визба „Гоце Делчев-Тиквеш“ овој период, па и наредните месец и половина во центарот на вниманието е бербата на грозјето. Родот е намелен, за разлика од лани за цели 50 проценти, што е донекаде и очекувано со оглед на студентите пролетни денови.
Директорот на винарската визба „Гоце Делчев – Тиквеш“, Ристо Милев со кого денеска разговараме ни го потврди ова, но благодарение на сите вложени мерки за заштита на производството успеано е да се амортизира, колку тоа е можно при големи измрзнувања, па се очекува преостанатиот род да е со висок квалитет.
Милев информира дека при крај е бербата на трпезните сорти „Кардинал“ и „Викторија“, кои и годинава имаа одличен квалитет и беа исклучително барани на пазарите ширум Балканот, но и Русија.

„Од понеделникот започнавме со бербата на „Мишел Палиер“ и „Рибиер“, две трпезни сорти на грозје, кај кои исто така имаме намален принос“ – вели Милев. „Што се однесува до винските сорти на грозје, веќе ја започнавме бербата на „Бургундецот“ кој ќе го преработуваме во нашата винарија во Трстеник, и од кој повторно очекуваме да добиеме врвно вино“ – дополнува Милев.
Бидејќи временските прилики се екстремни и имаме период на високи температури, започна зреењето на винските сорти. Стасаа вискоквалитетните сорти „Мускат отонел“ и „Шардоне“, чија берба ќе започне веќе утре, а количините ќе бидат доставени за откуп во Винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *