Неделната трпеза збогатете ја со врвниот „Траминец“ на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“

Малото разладување предизвикано од температурниот пад се причина повеќе денес да приготвите вкусно пилешко печено, или можеби месо на скара, дополнето со печен компир или зеленчук, и сето тоа да го залиете со врвниот Траминец на винарската визба Милеви „Гоце Делчев – Тиквеш“.
Ова суво вино е добиено од уникатната сорта кај нас Траминец Ароматико (Раушедо Вариетет VCR 6), која се одгледува на плантажите на најголемиот производител на грозје во земјата, на чиста локација на висорамнините над Тиквешкото Езеро. Тероарот и одличната експозиција спрема планината Кожуф му дава на ова вино богата структура и избалансираност меѓу вкусот и аромите.
Ова е богато бело вино со фина винификација и со прилично интензивна брилијантно-златна до сламесто-жолта боја. Виното е дискретно лутникаво на нос и разумно суво со типична арома на каранфилче и рози. Се карактеризира со комплексен овошен вкус со долготраен завршеток.
Ова е совршено балансирано вино со свежа киселост и со само еден допир на зачин. Голтка од ова вино за да се ужива соло или да го понесете на забава. Тоа го извлекува најдоброто од се, од тепсија баник до каламари. А, да не зборуваме и за доброто друштво.
Се служи на температура од 8 до 11 степени, а освен со месо и печен зеленчук, Ви го препорачуваме и со пастрмка, морски плодови, ладни предјадења и апетисани.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *