„Попова Кула“ уникатно место за уживање, прослави и корпоративни настани

За винарската визба „Попова Кула“ пишуваме често, но кога и да ја погледнеме оваа убавина лоцирана на јужната падина на Велико Брдо, западно од прекрасното градче Демир Капија во близина на автопатот Е-75, секогаш мислиме дека тоа е премалку.
За оние кои што сеуште не ја знаат легендата за името, винарската визба своето име го добила според една значајна кула, Попова Кула којашто некогаш служела како важна контролна точка на стариот Римски пат што поминува во близина на оваа локација.
Винарска Визба Попова Кула е “greenfield” инвестиција која започна со работа во 2006 година, две години по официјалниот старт на изградбата на на 08 Октомври 2004. Нешто помалку од пет години од почетокот на изградбата, односно на 14 Февруари 2009 е завршена изградбата на хотелот и ресторанот.

2

„Ние во Попова Кула користиме мали цистерни за ферментација на виното со цел за време на секоја фаза на ферментација да можеме да ја контролираме и регулираме температурата во секоја цистерна посебно. Исто така употребуваме буриња направени од американски, француски, унгарски и македонски даб со различен степен за печење. Во склоп на винарската визба располагаме со магацини и бокс палети за чување и зреење на флашираното вино во услови на контролирана температура. Иако сме мала винарска визба, располагаме и со сопствена лабораторија во која ги извршуваме основните анализи на виното и грозјето“ – велат од менаџментот на компанијата.

Во Попова Кула се произведува вино од 11 различни сорти грозје, и тоа: автохтоната „Станушина“, „Вранец“, „Прокупец“, „Кабернет Совињон“, „Мерлот“, „Совињон Бланк“, „Темјаника“, „Шардоне“, „Жилавка“, „Мускат Отонел“ и „Мускат Хамбург“.

4
На сопствените лозови насади се одгледува Станушина, Вранец и Кабернет Совињон, а останатите сорти грозје ги откупуваат од малите локални производители. Во регионот на Демир Капија има повеќе од 700 фамилии што имаат мали лозови насади. Од Попова Кула соработуваат со неколку од нив, лоцирани на не повеќе од 10 км од винарската визба и кои произведуваат високо квалитетно грозје.

„Во текот на годината сме во постојана соработка со избраните производители со цел да се осигураме дека грозјето ќе го има бараниот квалитет и здравје. Грозјето се бере рачно, во мали гајби и веднаш се носи во винарската визба“ – додаваат од компанијата.

3
Ресторанот е со капацитет од 60 гости, а летната тераса има капацитет од 80 гости и прекрасен поглед на околината. Во него се нудат специјалитети и грижливо селектирани комбинации, како и специјализирани менија од традиционална македонска и интернационална кујна во комбинација со нашите прекрасни вина. За уживањето да биде комплетно винските дегустации се одржуваат на 17 метри високата кула која нуди 360˚поглед на спектакуларната Демир Капијска долина.
Освен како идеално место за уживање во секое време од годината, винарската визба „Попова Кула“ нуди идеални услови за одржување на семинари, тим-билдинг активности презентации, конференции, свадби и останати прослави.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *