Како да препознаете дека виното е расипано?

Премногу топлина, светлина или големи температурни осцилации можат да бидат причина за уништување на виното.

Како да препознаете дали вашето вино се расипало:
1. Изглед на виното

Една од причините за расипување на виното е напукнување на тапата. Доколку постои пукнатина на неа, голема е веројатноста дека во шишето ќе навлезе вишок на кислород кој ќе предизвика оксидација на виното.

Проверете ја бојата на виното. Ако црвеното вино има темно кафеава боја, тоа значи дека е расипано. Ако бојата на белото вино е златно кафеава, тогаш со сигурност е расипано.
2. Мирис на лошото вино

Мирисот е важен елемент кога станува збор за вино. Кога чашата вино ќе ја доближите до носот, очекувате мирис на зрело овошје, а не чуден мирис кој ќе ви предизвика гадење.
3. Вкусот на лошото вино

Ако според изгледот и мирисот не можете да процените дали виното е расипано, тогаш ќе мора да го вкусите. Расипаното вино ќе има киселкаст, оксидиран вкус на карамелизирани овошја. Ќе содржи меурчиња, бидејќи веќе станало газирано.

Најчестите грешки при чување на виното се чување на топло и на светлина. Отвореното шише најдобро е да се чува во фрижидер, тоа ја забавува оксидацијата.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *