Почнаа преговорите помеѓу лозарите и винариите

Почна договорањето за претстојниот откуп на винското грозје. Винариите ја нудат ланската цена, а лозарите бараат зголемување од 3 денари за килограм. Според проценките, годинава родот е со подобар квалитет, но е помал од ланскиот поради штетите од временските неприлики.
Производителите на винските сорти грозје бараат откупната цена за килограм да биде 16 денари за вранецот и 14 за смедеревката или за 3 денари повеќе од лани.
Винариите велат дека имаат проблеми со ликвидноста и со залихите, но тврдат дека родот ќе биде откупен во целост, а цените на грозјето ќе ги дефинира пазарот. Винските визби сметаат дека е можно да има зголемување на цената но само кај поквалитетните сорти грозје, а кај другите таа нема да биде повисока од онаа што се плаќаше минатата година.
Годинешниот род е со подобар квалитет, но приносите се намалени.
Од пролетниотните мразеви според лозарите се уништени скоро 70 проценти од родот, особено во кавадаречкиот регион. Дополнително и африканскиот жежок бран направи уште поголеми штети каде што нема системи и можности за наводнување.
Во Македонија има 48.000 лозари кои заработуваат од производство на грозје.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *