Шест митови и вистини за виното

Виното не е едноставно за пиење, тоа е уметност и си бара посебни правила за целосно да го почувствувате уживањето. Сепак, некои верувања се толку погрешно вкоренети, што се провлекуваат до ден денес, а никако „не држат вода“. Во продолжение, дел од митовите и вистините кои ќе ви помогнат полесно да го најдете идеалното вино по ваш вкус:

1. Доброто и вкусно вино чини многу

Оние кои мислат дека скапото вино е секогаш добро, не се свесни колку грешат. Ако внимателно барате и упорно пробувате, ќе се изненадите колку просечни или евтини вина се вкусни и квалитетни.

1
2. Квалитетното вино е од една сорта грозје

Уште една грешка. Со хармонична мешавина на сортите може да се постигне многу подобар вкус.

2

3. Вината со тапи се подобри, а оние со обични капачиња – евтини

Уште еден неоправдан сомнеж. Производителите користат обични капачиња од две причини: прво, едноставното пакување ја намалува цената на виното и второ, на обичното капаче многу потешко се развиваат бактерии.

3

4. Секое вино си има храна со која одговара

Ова е делумно вистина, но изборот треба да се базира на вашиот вкус. Не верувајте на стереотипите и правилата кои почнуваат со „мора“. Откријте што вам ви се допаѓа.

4

5. Вината со светли етикети се подобри

Светлата хартија е само уште еден маркетинг трик со кој шишето делува отмено.

5

6. Трагите по чашата значат дека виното е обоено

Искусните љубители на вино само ќе ви се насмевнат кога ќе им го кажете ова. Всушност, црвената боја значи дека виното е 100% природно.

6

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *