Чаша вино ја неутрализира штетата од пушењето

Најновите резултати од истражувањата на научниците укажуваат на тоа дека чаша црвено вино пред да испушите цигара може да ја спречи штетата која ја предизвикува пушењето. Виното содржи хемикалии кои штитат од краткорочно оштетување на слузницата на крвните садови.

Научниците ги истражувале ефектите од пушењето на крвта и артериите на 20 здрави непушачи кои учествувале во истражувањето. Половина од нив пиеле црвено вино еден час пред да запалат, што спречило од ѕидовите на артериите да излезат микрочестички, тромбоцити и бели крвни зрнца.

Исто така, намаленото воспаление и забавениот генетски процес на стареење во клетките е поврзан со ензимите и теломеразите – кое се забрзува по пушењето.

Активноста на теломеразата кај волонтерите кои не пиеле вино пред да запалат цигара, опаднала за 56 отсто, додека кај оние кои се напиле чаша вино, опаднала за само 20 проценти.

Главната професорка на чело на истражувањето, докторката Викторија Шварц од Универзитетот Сарланд во Хамбург, рекла:

– Целта на нашето истражување беше да се испитаат васкуларните ефекти на црвеното вино кај здравите индивидуи пред да запалат цигара. Откривме докази дека конзумирањето на црвено вино спречува васкуларни повреди предизвикани од пушењето.

Викторија Шварц додала и дека со оглед на тоа што студијата била фокусирана на здрави непушачи, не е сосема јасно дали ова откритие би можело да се однесува и на постарите, болни страствени пушачи.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *