Шише „Пенфолдс“ продадено за 51750 австралиски долари

Многу ретко шише вино од еминентен австралиски производител на вино „Пенфолдс“ е продадено за 51750 австралиски долари, односно 35 158 евра.
Според аукциската куќа која ја извршила продажбата, добиената сума за шишето вино можеби е рекордна. Станува збор за шише „Пенфолдс Гренџ“ од 1951 година , прва берба на тоа црно вино, на база на шира од кое се останати само уште дваесетина шишиња.
-Многу тешко се достигнува до оваа сума, но станува збор за шише дел од историјата на австралиските производители на вино, изјави Ник Стамфорд сопственик на куќата „МВ Вајнс“ која ја организирала аукцијата. Според него, добиената сума е една од највисоките за продадено шише вино во Австралија.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *