Отворена изложбата „Тиквешки гроздобери 1964-2016“

Со ретроспективна изложба во Музејот Галеријата на град Кавадарци на која беа поставени слики од Тиквешките гроздобери од 1964 до 2016 година, денеска и официјално стартуваа активностите предвидени во годинешната програма на Тиквешкиот гроздобер.
Низ фотографии кои ги оставиле нашите хроничари и фотографи, создадена е архива која е доволно голема за да говори за сите досегашни манифестации. Авторот на изложбата е директорот на Музеј Галеријата, кустос Петре Камчевски, кој е и сведок на сите досегашни Тиквешки Гроздобери.
Камчевски направил одлична селекција од фотодокументацијата која на јавноста и нуди времеплов низ сите минати гроздоберски прослави. За самата манифестација зборуваше Кети Ванчева, а свое обраќање и осврт кон изложбата имаше и самиот автор.
Како што и беше најавено, во своето обраќање на крајот на изложбата, градоначалниот Александар Панов и официјално го прогласи отварањето на годинашното издание на стопанско-туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер 2017“ која ќе трае се до недела.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *