Тиквешките точакџии возеа покрај лозјата и дегустираа вина од ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“

Трета година по ред, најактивната општествена група во Тиквешијата, Тиквешките точакџии со ревијалната тура „Моклиште 2017“ се вклучија во празнувањето на Тиквешкиот гроздобер 2017.
Како што и беше најавено, точакџиите тргнаа од градскиот плоштад, па возејќи зад Љубаш, преку Лазовото мовче, го доживеаа гроздоберот на најубавиот можен начин, возејќи помеѓу непрегледните лозови насади низ атарот на селото Трстеник. По кратката пауза за посета на винарската визба Милеви „Гоце Делчев – Тиквеш“ кои уште еднаш на дело го покажаа кавадаречкото гостопримство кое е препознатлив белег на народот кој живее на овие простори, точакџиите ја продолжија својата тура кон селото Манастирец, а потоа по регионалниот пат Росоман – Кавадарци пристигнаа во винотеката на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“, лоцирана на улицата „Шишка“ бр. 2 каде беше организирана дегустација на врвните вина на најбрзорастечката македонска винарија.
По дегустацијата која евоцираше искрени спомени, емоции и пријатна дружба, точакџиите возејќи низ центраното градско подрачје се упатија кон нивното редовно собиралиште од каде што стартува секое патување, црквата „Света Петка“, каде им се приклучија и останати активисти и љубители на велосипедизмот, по што заеднички се упатија кон финалната дестинација, туристичкиот локалитет „Моклиште“.
Повеќе фотографии од целиот настан многу наскоро на фејсбук страницата на Тиквешки точакџии.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *