ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ нов спонзор на Тиквешките точакџии

Најактивната и најбројната општествена група во Тиквешијата, Тиквешките точакџии добија нов спонзор во името на винарската визба Милеви „Гоце Делчев – Тиквеш“.
Успешната соработка во минатиот период која продолжи со турата „Моклиште“ 2017 по повод годинешното издание на Тиквешкиот гроздобер, во кој Тиквешките точакџии возеа низ непрегледните плантажи на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“, но и ги посетија производствениот погон и винотеката на најбрзорастечката македонска винарија, каде се запознаа со производството и ги дегустираа вината од брендовите Суво Горско и Вирго резултираше со потпишување на спонзорски договор.
Според истиот, во наредниот период ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ ќе ги следи сите следните настани и активности организирани од Тиквешките точакџии, а во целост ќе поддржи и велосипедска тура.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *