Се е подготвено за второто издание на „Off Road Rally”

Втора година по ред, голем број кавадарчани, но и македонци ќе имаат уникатна можност да ја доживеат мистичноста и недопрените предели на Кожув планина на четири тркала.

Во организација на офроад клубот „Трибор“ од Кавадарци, следната недела, 24 септември, ќе се оддржи второто издание на „Off Road Rally” во кое сите вљубеници на возењето во офроад услови ќе можат да уживаат во убавините на Кожув.

Според планираното, турнејата ќе стартува во недела, 24 септември, во 7 часот, пред ресторан „Белисимо“, од каде моќните машини со погон на четири тркала ќе се упатат кон Мрежичко, Рожден Арничко, Мешник, Трибор, М. Круша, Г. Круша, Мајден, Михајлово и Кавадарци, што е речиси идентична делница на онаа која пред точно година дена се возеше за прв пат.

Можност да учествуваат на оваа втора, но доста интересна турнеја имаат сите вљубеници во офроад возењето кои поседуваат возило со погон на четири тркала, и истото е бесплатно. Сите заинтересирани можат да го потврдат своето учество на телефонските броеви 072270115 и 078215005.

21370838_10211187829866443_809017181709015232_n

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *