Се подготвува вториот „Фестивал на виното“ во комплексот Македонско село

Со желба за придонес во афирмацијата на винската култура во Македонија, развој и негување на култот кон виното, претставување и промоција на најдобрите винарии, и вкусните специјалитети и деликатеси, од 29-ти септември до 1-ви октомври, ќе се одржи вториот по ред „Фестивал на виното”, со надеж дека истиот ќе прејде во традиција која ќе се негува уште многу години.
За време на фестивалските денови, комплексот „Македонско село” ќе биде место каде гостите ќе можат да уживаат во врвните вина од најдобрите винарии, искомбинирани со вкусни специјалитети и деликатеси и богатата музичка програма во единствениот и автентичен амбиент на комплексот.
Според официјалната програма, во петок не очекуваат настапите на Boris & The Bend, Нокаут, Игор Џамбазов, Гуру Харе и Дарио. Во сабота на програмата се концертите на Чалгија Саунд Систем, Лидија Кочовска, Тамара Тодевска и Контра План, додека во недела пак ќе ги видиме и слушнеме Камелеон, Љубојна, Џамбо Агушев и Табиет.
За време на сите три фестивалски денови ќе има и чалгии, а почетокот на дневните програми е во 16 часот.

na-29ti-septemvri-pocnuva-festival-na-vinoto-vo-makedonsko-selo-03

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *