Утрешното „Досие“ со Стефанов посветено на Тоше Проески

По повод десет годишнината од последниот концерт на Тоше Проески, четврточното издание на емисијата „Досие“ со Душко Стефанов ќе биде во целост посветена на најголемата македонска музичка ѕвезда која беше чест гостин и голем пријател на Галакси Радио.
„10 години без тебе, 10 години без Тоше Проески. Ете, времето поминато говори за вредноста на луѓето, за луѓето кои оставиле траги во времето. А тој, крушевскиот славеј, македонскиот бисер, музичкиот титан, како и денес да е меѓу нас. Тоше Проески живее со своите песни и стихови и денес. Се пронаоѓаме во твоите текстови, понекогаш тивко пуштаме солза со кнедла во грлото и секогаш не прогонува истото прашање, зошто Македонија остана без својот син? … на денови пред нашата разделба си ветивме дека вечно ќе трае нашето пријателство“ – напиша во најавата за утрешното издание на „Досие“ нејзиниот идеен творец, автор и водител, Душко Стефанов.
Емисијата „Досие“ се емитува повеќе од 22 години на фрекфенцијата на Галакси Радио, секој работен ден во терминот од 10 до 11 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *