Мирисно варено вино за студентите зимски денови

Една од причините на кои му се радуваме на наглото заладување на времето кое не потсеќа дека зимата е многу поблиску одколку што мислиме, е вареното вино. Топлото, мирисно црвено варено вино е совршено кога температурите ќе паднат, па не двоумете се со каков пијалок да ја завршите саботната вечер. За варено црвено вино потребни ви се следните состојки:
1 и 1/2 црвено вино
200 грама шеќер
1 портокал
1 лимон
1 зелен лимон
1 ванила
1 стапче цимет ( може и во прав)
6 карнфилчиња
малку морско оревче
6 ѕвезди анис

 

Начин на подготовка: Во тенџере ставете 200 гр. шеќер, во тенџерето ставете го сокот од исцедебниот портокал но и кората од портокалот. Искористете ја кората од лимонот и од зелениот лимон.Ставете го внатре стапчето од ванила, цимет, 6- те карнфилчиња, изрендајте малку морско оревче и ѕвездите анис. Полите ги со виното и ставете да се вари. За нов вкус можете да додадете малку и зачинет рум.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *