Хрватска го дуплираше извозот на вино во Австрија

Извозот на хрватско вино во Австрија во првите пет месеци од годинава бил двојно поголем од вкупниот извоз на вино од Хрватска во земјата во текот на 2016 година.
На познатиот виенски плоштад „Ам Хоф” деновиве се одржа манифестација на која се претставија 12 хрватски винарници ги претставија, здружени под заедничкиот бренд Vina Croatia, како обид да ја зголемат уште повеќе продажбата на вино во Австрија, додека се уште свежи впечатоцте на многубројните туристи од Австрија што во текот на летото го посетија хрватското крајбрежје.
Сакавме да ги потсетиме Австријците на вкусовите на Хрватска, сега, во претсезоната, додека им се уште свежи впечатоците од летувањето на нашиот брег, да им порачаме дека производите што ги консумирале во Хрватска можат да си ги купат и дома, вели никола Дрмиќ од винарницата „Краутхакер”, еден од излагачите.
Целта на манифестацијата, велат организаторите, е не само да го зацврсти имиџот на хрватските вина и винарници туку и имиџот на Хрватска во целост, пред најважните емитивни пазари за хрватскиот туризмот, во периодот пред и по туристичката сезона, меѓу кои Австрија е особено значајна.
Познато е дека Хрватска е најпопуларната туристичка дестинација за Австријците. Тие се вљубени во хрватскиот брег и во островите, но Хрватска не е земја што може да се пофали само со прекрасна природа, туку и со врвна кујна и првокласни вина, смета Татјана Мрвош од хрватската амбасада во Виена.
Според податоците што беа презентирани на манифестацијата, извозот на вино на австрискиот пазар бележи пораст. Во првите пет месеци од годинава биле извезени 718.500 литри вино, што е повеќе од вкупниот извоз во 2016, кога биле извезени 675.000 литри вино.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *