Црвени рози на сред лозови насади?

Ако има сеуште некој кој може да остане рамнодушен на прекрасниот пејсаж кој го создаваат лозовите насади, тогаш мора да ги види лозовите насади на локалитетот Лепово на винарската визба „Тиквеш“, крај бутик-винаријата Лепово, во близина на неготинското село Курија.
Она што е необично за секој посетител, се розите кои ја дополнуваат сликата која вреди повеќе од илјада зборови.
Но, што бараат розите на плантажите каде се одгледува врвни сорти на грозје од кои се прави ексклузивното Домен Лепово.
Присуството на розите во лозовите насади во најголемиот лозаро-винарски регион во Македонија го објасни енологот Кире Петров.

– Доколку се појави болест, таа најпрвин ќе се појави на самата роза, па потоа се пренесува на лозовиот насад. Така лозарите навреме знаат кога треба да реагираат за да го заштитат својот род – вели Петров.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *