Златен медал за струмичкиот „Grozd Cabernet Sauvignon“ на AWC натпреварот

Струмички „Грозд“ го привлече вниманието на светските винарии, откако на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, освои неколку медали за најдобар квалитет.
Ова компанија со виното „Grozd Cabernet Sauvignon“ го освои златниот медел во својата категорија на овој престижен натпревар, каде конкурираа 12.615 вина од 40 држави од светот. АД „Грозд“ Струмица во ова силна конкуренција освои и два сребрени медали и тоа со новите брендирани вина „Grozd Merlot“ и „Grozd Syrah“, произведени од истоимените сорти винско грозје од плантажите на „Струмичко поле“.
AWC натпреварот во Виена е светски Саем на вина, каде дегустаторите по принципот „слеп“ систем ги дегустираат вината и одлучуваат според највисоките стандарди за квалитет, базирајќи се на арома, вкус, мирис, чистота и јачина на самото вино. Токму врз основа на овие критериуми, вината на струмички „Грозд“ ги посочија како најдобри и беа предложени за консумација за љубителите на вина. Овие медали се само потврда за долгогодишниот труд и работа на „Грозд“, кој секогаш се става на страната на потрошувачите за да ги задоволи нивните потреби и вкусови.
Ова компанија заедно со винарската визба „Струмичко поле“, секогаш работат на квалитетно свое производство на вински сорти грозје, од кое пак ги произведува одлични и квалитетни вина и тоа се во интерес на своите потрошувачи. Инаку вината на струмички „Грозд“ се добитници на повеќе награди и медали во земјава и странство и со својот квалитет се доста барани не само на европските пазари, туку и во прекуокеанските држави.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *