Пробајте рижото на италијански начин со печурки и вино

Пробајте го овој фантастичен рецепт од италијанската кујна! Направете автентичо рижото со печурки и пармезан. Подготовката ќе ви одземе 30-тина минути, но бидете сигруни дека крајниот резултат ќе ве изненади и нема да зажалите. Вака приготвеното рижото може да го послужите со печено месо на скара, а убаво се вклопува и со пилешко месо.

Состојки:
6 чаши пилешки бујон
3 лажици маслиново масло
500 до 900 грама сечкани печурки
2 млади кромитчиња, ситно сечкани
1 ½ чаша ориз
½ чаша суво бело вино
сол по вкус
мелен црн пипер
3 лажици сечкан власец
4 лажици путер
1/3 чаша рендан пармезан.

Подготовка:

Во тенџере на оган, на ниска температура ставете го пилешкиот бујон. Во тава на оган, на средно висока температура ставете 2 лажици маслиново масло. Додајте ги сечканите печурки и пржете ги додека омекнат, за време од 3 минути. Потоа извадете ги печурките и нивата течност.
Во тенџере на оган ставете 1 лажица маслиново масло и додајте го сечканиот кромид. Пржете го за време од 1 минута. Додајте го оризот и промешајте. Пропржете го оризот за време од 2 минути. Кога оризот ќе добие кристална, златеста боја, додајте го виното и постојано мешајте додека виното целосно се апсорбира.
Во тавата додајте ½ чаша од пилешкиот бујон и мешајте додека течноста се апсорбира. Потоа, продолжете постепено да додавате по ½ чаша пилешки бујон. Постојано мешајте, додека течноста се апсорбира и оризот е приготвен ал денте, за време од 15 до 20 минути.
Тавата тргнете ја од огнот. Додајте ги печурките и нивната течност, путерот, власецот и пармезанот. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.Топлото рижото со печурки сервирајте го веднаш. На здравје!!!

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *