Од кога се слави младото вино?

Празнувањето на фестивалот на младо вино во винарската визба „Тиквеш“ е во центарот на вниманието на сите оние кои го сакаат виното, но и на оние кои едноставно сакаат да бидат дел од ексклузивните настани и да бидат видени. Иако за најголем дел чествувањето на божуле ново е само едно обично отворање на бочвите со вино од новата реколта и нивна дегустација, идеата зад овој настан е многу поголема, а доаѓа од каде, ако не од винска Франција.
Традицијата на Виндоден започнува во 1951-ва во Франција кога тие решиле да промовираат и афирмираат нов вински регион Божуле, наспроти прочуените Бургундија и Шампања, како и да создадат нов бренд на ефтино, нежно обоено младо вино. По половина век, третиот четврток од ноември сеуште е денот кога се запива новото вино од тековната година.
Божуле ново е приоритетен настан во Франција, кој ништо не може да го засени. За важноста на овој ден во светот зборува и фактот што по тој повод французите во светот, најмногу во САД и Јапонија пласираат 10 милиони шишиња вино.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *