Вертикална дегустација на архивни вина од сортата Мерло на винарија Шато Камник на Винодонија

Вертикалната дегустација на архивни вина од сортата Мерло на винарија Шато Камник е еден од маркантните вински настани кои ќе се случуваат за време на овогодинешниот Скопски вински салон – Винодонија. Вертикалната дегустација вклучува архивни берби и овозможува споредба на развојот на виното од една сорта низ годините, што пак овозможува да се види потенцијалот за зреење. Вината развиваат различен вкус, мирис и боја во текот на процесот на зреење во шише. Архивните вина не се комерцијално достапни, а сите вина избрани за овој настан се добро созреани, елегантни и мазни, со особено фини и меки танини, што ги прави вистинско винско богатство за самата винарија. Овие вина се чуваат со цел да се овозможи следење на динамиката на развојот на животот на виното во шише. Вината кои се избрани за оваа вертикална дегустација се од сортата Мерло и сите имаат освоено престижни и значајни награди на светски натпревари. Оваа вертикална дегустација е извонредна прилика за љубителите на вино и за сите оние кои се добри познавачи на виното, да вкусат Merlot Single Vineyard Reserva од бербите 2005, 2009, 2010, 2013, 2014 и 2015 и Merlot Signature Grand Reserva 2012.
Вертикалната дегустација и работилницата ќе ги водат проф. д-р Горан Миланов и м-р Сандра Георгиевска – главен енолог во винарија Камник. Настанот ќе се случува во петок, 1 декември 2017, во 17.00 ч. во хотел Мериот. Работилницата ќе опфати теми од областа на техонолигијата и производството на секоја берба поединечно, од самото лозје, преку полнењето во шишиња, до процесот на зреење во шише.

За повеќе информации видете на: http://vinodonia.mk/en/event-schedule/chateau-kamnik-vertical-tasting-merlot-signature-merlot/

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *