Прва вертикала на винаријата Стоби на Винодонија

Во рамките на годинашното издани на Винодонија, винаријата Стоби ќе оддржи прва вертикала во историјата на винаријата, на која посетителите ќе имаат ексклузивна можност да се запознаат со огромниот потенцијал на винската сорта Вранец и да дегустираат вина од различни берби на Vranec Veritas.
Станува збор за вина направени 100% од сортата вранец и зреени во барици од 18 до 24 месеци. Грозјето е рачно набрано од одбрани парцели од сопствените лозови насади на винаријата, поточно од двата микролокалитети Аеродром и Рамниште, кои се наоѓаат во непосредна близина на винаријата во Градско. Vranec Veritas вината кои се избрани да бидат дел од оваа вертикала, во континуитет го потврдуваа својот висок квалитет, закитувајќи се со награди на најпрестижните меѓународни натпревари како Decanter i Mundus Vini. Работилницата ќе ја води Андон Крстевски, главниот енолог на винаријата Стоби.
Од винаријата информираат дека ќе се дегустираат вината Vranec Veritas од 2009, 2011, 2012, 2013 и 2015 година.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *