Марко Стојаковиќ од „Тиквеш“ ја открива умешноста, техниката и технологијата позади белите вина на Тиквеш

Марко Стојаковиќ, главниот енолог на винарската визба „Тиквеш“ ќе биде уште еден од врвните енолози кои на годинашното издание на „Винодонија“ ќе ги открие причините поради кои оваа винарска визба има одлични бели вина.
Оваа сабота, 2 декември, не ја пропуштајте можноста да слушнете од врвен експерт, кој работи „рамо до рамо“ со најпознатите светски вински консултанти и секоја година создава вина што освојуваат повеќе од 50 награди на реномирани вински натпревари, кои се тајните за производство на врвни бели вина од нашето поднебје.
Покрај тоа, ќе имате и одлична можност да ги дегустирате вината од тејстинг листата на Тиквеш, на која се најдоа Темјаника Спешл Селекшн 2017, Совињон Спешл Селекшн 2017, Шардоне Спешл Селекшн 2017, Александрија Куве 2017, Гренаш Спешл Селекшн 2016, Виоње Спешл Селекшн 2016 и Бела Бода 2016.
Почетокот на настанот е во 17 часот и 30 минути.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *