Тајните на станушината со Проф. Др Климе Белески и Звонко Херцег дел од Винодонија

Винскиот салон, Винодонија 2017 годинава покрај можноста за дегустација на вина од речиси сите винарии од земјата и регионот, нуди и ексклузивна можност да се слушнат предавањата на врвни енолози и производители на вино.

Меѓу нив секако е и предавањето „Тајните на станушината“ на професор Др. Климе Белески и Звонко Херцег, дел од Винодонија. Посетителите на предавањето ќе имаат можност да ги дегустираат и споредат стиловите на вината од Станушина, но воедно и да го одберат стилот кој највеќе им се допаѓа.
„Никогаш не се знае можеби токму тоа ќе влијае во која насока ќе се движи идниот стил на нашето “Македонско Девојче”. Се надеваме дека ќе уживате во ова предавање“ – велат предавачите.
Предавањето на Проф. Др Климе Белески и Звонко Херцег е закажано за во петок, 1 декември, со почеток од 19 часот. Бројот на посетители е ограничен, а влезниците може да се резервираат на следниот линк: https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=1611

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *