Виното „Фиано“ на винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“ во центарот на вниманието на Винодонија

Со своето ново вино, „Фиано“, винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“ е во центарот на вниманието на македонските вљубеници во виното кои се дел од годинешното издание на винскиот салон „Винодонија“.
За поголемиот дел од присутните непознатото име на сортата грозје која од југот на Италија е донесена во Тиквешијата благодарение на тимот на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ понуди сосема пријатно, интересно и возбудливо доживување, особено за оние кои сакаат да побегнат од класичното, веќе виденото и пробаното, и да експериментираат со нешто сосема ново.

„Фиано“ се прави од истоимената високо квалитетна бела винска сорта на грозје, која е карактеристична пред се за италијанскиот регион Кампања. Виното се карактеризира со текстура на мед и цветови, и вкус на зачини и тропски овошни вкусови, како ананас.

SONY DSC

„Фианото“ е само прво од трите нови вина кои ќе бидат промовирани и пуштени во комерцијална продажба многу наскоро. Останатите два нови адути на најбрзо растечката македонска винарија се и специјалната едиција на „Траминер“ и „Совињон Бланк“.

SONY DSC

Покрај овие вина, присутните имаат можност да ги пробаат и веќе препознатливите вина од брендот „Вирго“, „Розе Мускат“, „Темјаника“, „Траминер“ и „Шардоне“, како и прекрасното куве „Фаворит“.

SONY DSC

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *