Научете повеќе за розе вината

Розé (од француски: rosé, познат и како rosado во земјите од шпанско говорно подрачје или rosatoво Италија) е вид на вино штоделумно има боја типична за црвеното вино, но едвај доволно за да стане розово. Розовата боја може да се протега во распон од бледо портокалова до светловиолетова, во зависност од грозјето и техниките за производство на вино.
Техники за производство

Постојат три главни начини за производство на виното розé: преку контакт со лушпи, saignée и мешање.

15673010_1848397708715002_7430953118688360925_n

Преку контакт со лушпи

Кога розé виното е примарен производ, тогаш се добива преку методот на контакт со лушпи. Црнолушпесто грозје се дроби и лушпите се оставаат во контакт со сокот во еден краток период, најчесто од еден до три дена. Ширата се пресува, а лушпите се отстрануваат наместо да се остават во контакт за време на ферментацијата (како при производство на црвено вино). Лушпите содржат многу танини и други состојки, поради што структурата е налик на белите вина. Колку подолго лушпите се во контакт со сокот, толку поинтензивна ќе биде бојата на финалното вино. Розé виното може да се добие и како нус-производ при ферментација на црвеното вино со употреба на техниката позната како Saignée (на француски – крвави). Кога винопроизводителот сака да вметне повеќе танин и боја на црвеното вино, одредена количина од розовиот сок од ширата може да се оддели во рана фаза. Црвеното вино што останува во бочвите се интензивира како резултат на крвавењето, бидејќи количината на сок во ширата е намалена, а ширата што ќе се подложи на омекнување е концентрирана. Розовиот сок што е отстранет може засебно да ферментира за да се добие розé.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *