Умереното пиење вино Ве прави попаметни

Според неврологот на Универзитетот Јеил, Гордон Шепард, конзумирањето на вино активира повеќе сива материја во мозокот отколку слушање музика и решавање на математички равенки.

Шепард ја истражувал врската помеѓу човечкиот мозок и способноста да се препозне вкусот на виното, а резултатите ги објави во книгата Неврологија: Како мозокот го создава вкусот на виното, пишува Independent.
Тој вели дека процесот на дегустација на вино, кој подразбира мирисање на чашата и бавно подголтнување со задолжително задржување на течноста во устата, ангажира поголем процент на сивата материја отколку решавањето на математички проблеми или слушањето музика, пренесува „Индипендент“. Шепард тврди дека причина за тоа е истовременото користење на рецепторите за вкус и мирис во комбинација со сложените мускули на јазикот. Овој процес дополнително го забрзува сетот ароми во виното.
„Вкусот не е во виното. Тој се создава во мозокот на лицето кое го пие виното“ – објаснува професорот Шепард. Шепард верува дека мозокот ги толкува вкусовите на сличен начин како што ги препознава боите. За да создаде слика од бои, мозокот користи информации што ги прима од очите во врска со тоа како светлината се одбива од предметите околу нас. Тој тврди дека нашите емоции кон чашата вино му даваат информации на мозокот.
Вкусот на виното може да биде под влијание на нашиот пол, раса, плунка, возраст, но и на емоциите што ги имаме за себе и за луѓето околу нас. Со секоја голтка вино, вие го активирате својот мозок и така го вежбате. Сепак бидете умерени!

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *