Лозарите од Tиквешијата бараат измени во Законот за вино

Лозарите бараат услови за да може семејна винарија да се регистрира. Во Словенија и Хрватска има преку 40 илјади регистрирани производители на вино, а во Македонија само 74. Со законските измени придобивките се многукратни.
Лозари и производители на вино од Тиквешијата преку своето здружение иницираат измени на законот за вино за да можат и малите семејни винарии да се легализираат и да произведуваат вино. Сегашното законско решение е многу строго, со високи стандарди кои можат да ги исполнат само големите вински капацитети без можност за малите семејни визби.
Како пример за законските измени ги посочуваат искуствата од земји членки на Eвропската Унија каде законот реално дозволува и малите семејни визби да произведуваат вино и каде во  Словенија има 40 илјади во Хрватска 45 илјади регистрирани производители на вино а во Македонија како винска земја има само 74 компании и меѓу кои нема ниту едно физичко лице официјално регистрирано.
Една од законските пречки за да се регистрира мала винарија по сегашниот закон е обврската да се заврши факултет или да се ангажира енолог. Предлогот на Винотек е да се овозможи со положен курс за производство на вино да може да се легализираат илјадните вински подруми кај индивидуалните производители како што е тоа можно ви сите земји од регионот и во Eвропа.
Бенефитот од измените на законот и донесувањето правилник за вино е многукратен. Многу луѓе ќе се самовработат, ќе плаќаат данок на државата, виното од малите семејни винарии ќе подлежи на анализа и контрола која ќе гарантира квалитет, ќе се отворат големи можности за развој на винскиот туризам, ќе се намали извозот на винско грозје или налевно вино а ќе има се повеќе финален производ, драстично ќе се зголеми интересот за откуп на квалитетно грозје од лозарите што ќе повлече повисоки цени и трка за грозје.
Сето ова ќе ги задржи и младите во овој бизнис и ќе предизвика враќање на интересот за подигање на нови насади што е многу важно бидејќи со колкави површини влегуваме во европското семејство на толкави површини ќе бидеме ограничени во иднина.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *