Ја ограби касичката на ќерка му за да купи вино за Жозе Мурињо, а потоа го победи

Бристол Сити направи голема сензација откако во средата го елиминираше ѕвездениот тим на Манчестер Јунајтед од Лига Купот, а нивниот тренер Ли Џонсон продолжи да ужива во моментите на слава која ја доби со приказната за купувањето на посебно шише вино за португалскиот стручњак.
Во пресрет на натпреварот, менаџерот на англискиот второлигаш, изјави дека е среќен што ќе се сретне со Жозе Мурињо. „Се надевам дека ќе се видиме. Потрошив 450 фунти за вино, едноставно ја ограбив касичката на мојата ќерка. Специјално увезовме вино од Португалија, бидејќи Мурињо сака посебна врста. Ќе се обидам да навлезам во неговиот мозок на десет минути. Тој е еден од најдобрите менаџери и моментално се наоѓа на својот врв од кариерата. Секој млад тренер се обидува да го копира“.
Сепак, по натпреварот плановите на Џонсон очигледно се сменија затоа што илјадници фанови упаднаа на теренот да ја прослават големата победа.
„Не е убаво кога гледате како фанови истрчуваат на теренот, но морате да ја разберете нивната пасија по еден ваков резултат” – вели Џонсон. „Ретко кој од фановите утре ќе се појави на работа, ќе има забава до раните утрински часови”.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *