Зошто на Нова година наздравуваме со шампањ?

Можеби се прашувате зошто на Нова година пиеме шампањ. Одговорот се крие од пред 1500 години. Кралот Хлодвиг станува христијанин во црквата во градот Ремс, во регионот Шампањ. Со векови, таму биле крунисани различни кралеви што се прославувало со шампањ.
До овој момент газираните вино биле само обичен пијалок, се додека познатиот монах Дом Перињон, не го открива вистинскиот вкус на шампањското и почнува да мисли како да го флашира, за да му се зачува сјајот. Кралот Луј XV предвидува дека само шампањ може да се испорачува во шишиња, а сите други вина треба да бидат транспортирани со буриња. Се сметало дека ова е многу корисен пијалок погоден првенствено за аристократијата. Од тој момент, пијалокот бил задолжителен на специјални прослави како свадби, крштевки и други.

champagne
Од друга страна, празнувањето на Нова година настанало како верски ритуал поврзан со долгоденицата. И бидејќи се сметало за голем празник требало да се прослави со пијалок кој ќе асоцира на раскош и луксуз. Магичните меурчиња на пијалокот се сметале за нешто исклучително забавно и соодветно за празникот.

h-4-2165061-1280162867
Се разбира, со најубавиот пијалок оди и убав оброк, па еве дел од најсоодветните додатоци кои можете да ги консумирате со шампањ: пармезан, црн тартуф, лосос, шумски плодови – капини, малини, јагоди, ракчиња со нане…

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *