Видео: Пијан русин влегол во продавница со тенк за да го земе своето омилено вино

Пијан русин украдил вооружено оклопно возило и удрил во излогот на продавницата за потоа преку урнатините да се прекачи и да си земе шише од своето омилено вино.
Момчето го украло возилото од теренот за моторспорт обука во близината, возејќи го низ шумата и во Апатити, мало гратче јужно од арктичкиот круг, во северниот дел од Русија, објави локалната новинска агенција Хибинформ.
Борејќи се да го сврти во тесната улица, човекот, кого сведоците го опишаа како пијан, продолжил да го удира тенкот во прозорецот на продавницата „Фемили“, објави новинската агенција.
Снимките споделени на социјалните медиуми покажуваат како човекот последователно го напушта возилото низ отворот, кратко ја проверува штетата и влегува во продавницата низ скршениот излог.
Подоцна беше уапсен со украденото шише вино, рече Хибинформ.
Сведоците видливи на снимката не изгледаат особено вознемирени од инцидентот.
„Во суштина, некое момче украло оклопно возило и отишло во продавница за да ги надополни своите залихи во утринските часови“, објаснува човекот кој ја снима целата сцена од својот прозорец.
Човекот, во своите доцни дваесетти години, не се спротивстави на апсењето, објави новинската агенција РИА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *