Омилениот рецепт за греано вино на старите римјани

Еден од рецептите за варено вино на старите римјани, кој и за нас има одличен вкус, потсетува на ликер, но не е ликер, а за да го вкусите ќе мора да го приготвите.

– Виното и медот ставете во сад и доведете до вриење. Додадете го ловоровиот лист, урмите, биберот (столчете едно од зрната бибер), шафранот, оставете да вари само неколку секунди и тргнете на страна. Нека одстои една ноќ за да наредниот ден го процедите. Во вака добиената ароматна напивка додадете уште 1 л. вино согласно вашите вкусови евентуално може да додадете уште 1/2 л. вино – измешајте и послужете.
Напомена
– Значи во прецеденото одлежано вино најпрво ќе додадете 1 л. а потоа зависно од вашиот вкус – долевајте по малку вино се додека одлучите дека е доволно. При мојата подготовка не изменив ништо – со 1 л. вино беше доволно.
Јас сум од Виница и се надевам дека ви е познато за Археолошкиот локалитет Виничко Кале кое е утврдена населба од доцноантичкото време. Најверовјатно и од тука потекнува и мојата љубопитност за кујните во античкото време и нивниот начин на исхрана – додека археолозите си го вршат својот професионален дел.
Преку пронајдените теракотни икони кои беа на изложба во многу држави и интересот за нив е голем – светот ја запозна Виница.
Уште од мали слушавме и ја третиравме како приказна дека Виница го носи своето име токму поради тоа што имало многу вино и во недостаток на вода – малтерот го мешале со вино.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *