Кој е најидеалниот начин за служење на вино според Џо Фаторини

Џо Фаторини, кој води емисија за вино (The Wine Show), го открива најдобриот начин за служење на вино.

Вели дека црвеното вино е најдобро да се пие ладно, од фрижидер, додека белото треба да се загрее на собна температура, пред да се консумира.

Познавачот на вина вели дека варијациите на собната температура, потенцијално би можеле да го уништат квалитетот на виното.

Фаторини открива дека љубителите на вино би требало да го следат правилото 20:20.

Ова правило значи дека црвеното вино треба да стои 20 минути во фрижидер пред да биде послужено, додека белото треба да се извади од фрижидер, односно да се чува на собна температура, 20 минути пред дегустација.

sommelier-servindo

„За жал, многумина служат претерано ладно бело вино и топло црвено“, вели Џо.

Експертот вели дека игнорирањето на овие правила би можело да го уништи виното, и додава дека не треба виното да го изложувате на чести температурни промени.

„Промената на температурата прави виното да се „шири“ и „собира“ во шишето, а со текот на времето може да почне и да пропушта воздух и да се уништи пијалакот“, тврди овој експерт за вино.

Фаторини советува дека виното треба да се чува на некое темно место, никако во близина на радијатор или прозорец, бидејќи топлината прави виното бргу да „пропаѓа“.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *