На свадбата на принцот Хари ќе се наздравува со хрватско вино

Хрватски вина ќе се служат на свадбата на принцот Хари и неговата свршеница Меган Маркл, кои ќе се венчаат на 19 мај 2018 година во дворецот Виндзор.

„Слушнавме дека принцот Хари и Меган ги сакаат нашите хрватски вина на венчавката. Многу сме почестени и ќе им ги испратиме“, изјавила Дијана Спаиќ, маркетинг-раководител на илочките подруми.

Спаиќ додала дека испратиле вино и за венчавката на принцот Вилијам и војвотката Кејт и дека виното го пиеле и принцот Чарлс и војвотката Камила при посетата на Хрватска.

„Дневик.хр“ бележи дека во Британија за кралската свадба ќе биде испратено виното „траминец“ од 2015 година, но дека количините сè уште не се дефинирани, а и дека со таа информација винарите не би излегувале во јавност.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *